НЕ МУ БИЛО ЛЕСНО – Познатиот актер призна дека снимал секс сцени со Џенифер Анистон: „Тоа беше тортура“

„Љубовните сцени се непријатни бидејќи можеби од 30 до 50 луѓе ве гледаат додека актерите ги снимаат“, вели актерот.

Џејк Гиленхал призна дека снимањето на интимни љубовни сцени со Џенифер Анистон не било лесно бидејќи бил заљубен во 53-годишната ѕвезда на „Пријатели“, пишува Дејли Меил.

Имено, 42-годишниот актер почнал да зборува за снимање секс сцени со Анистон додека глумеле љубовници во филмот „The Good Girl“ од 2002 година.

Во интервју за The Howard Stern Show, Џиленхал беше запрашан од водителот дали е „мачење“ да снима љубовни сцени со некој што му се допаѓа во реалниот живот.

  • Беше тортура, да, но сепак не беше. Мешавина од двете – низ смеа опиша Гиленхал. Тој тврди дека таква е „механичката природа“ на љубовните сцени, па за среќа успеал добро да ги сокрие своите вистински чувства кон Џенифер. Тој додаде дека љубовните сцени се незгодни бидејќи има можеби од 30 до 50 луѓе кои ги гледаат додека актерите ги снимаат и опиша дека снимањето интимни сцени е исто како „танц што го кореографирате за камерата“.

Џејк рече дека Џенифер им предложила да стават перница меѓу нив за да се чувствуваат поудобно додека снимаат хоризонтално.

  • Беше многу љубезна што го предложи тоа пред да почнеме – истакна тој.

Џејк разговарал и со Хауард Стерн за можноста да стане татко и неговата девојка, Жан Кадие, 26-годишна манекенка по потекло од Париз, со која е во долга врска.

И покрај тоа што главно останаа подалеку од очите на јавноста, оваа година парот присуствуваше на неколку јавни настани од висок профил заедно, вклучувајќи ја и забавата за Оскар на Vanity Fair. Тие присуствуваа и на премиерата на новиот филм на францускиот режисер и актер Луј Гарел „The Innocent“ овој мај на Филмскиот фестивал во Кан.


Пронајдете не на следниве мрежи: