Не му верувам на Мицковски!!!

Дејан Гавровски објави јасен, силен и прецизен статус на фејсбук кој што го привлече нашето внимание. Па затоа го пренесуваме во целост: – Никогаш не сум ги обвинувал политичарите, тие си имаат стратегија, цел,план, и си ја остваруваат Дури и повеќе сум ги кривел тие што гласаа за Заев од колку него! И никогаш нема да сватам како му дале глас! Сега се “каат” ретерираат, но каде е одговорноста за оваа катастрофа од Власт?!  Истото се случува и после вчерашниот митинг кој беше за “одбрана” на Македонија. Наместо да осамнат пораки од тој митинг за Името, двојазичноста, договорот со Бугарија, браќата во затвор, осамнаа селфија, осамнаа слики, колку сме јаки! После сето ова понижување на Македонецот, после 3 месеци најавуван протест од најголемата опозициона партија, со не знам колку комитети низ Македонија, после цел тој гнев собиран повеќе од една година се собра бројка од 40-50000 народ и веднаш победа! За победа треба уште многу!
Јас сакам ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт! Јас сакам Мицкоски да биде кандидат за премиер само на Република Македонија и не двојазична!  Ако не е така воопшто не ми е гајле кој е! Но името ќе се решава овој месец! Професоре што ако сакаат на сила да прогураат а ќе сакаат? Што не упативте порака околу тоа и околу многу други работи за кои протестиве вчерашни не ве прашуваат денес, а до вчера душа испуштаа скраја да е, за договорот со Бугарија за двојазичноста, анти нато расположени до максимум и така натаму! Пак ќе повторам не е виновен професорот Мицкоски! Не е виновен. Тој што никој не го прашува кога веќе споменува деца, за што сум апсолутно против, што не се заколна во Нив прво дека додека дише ќе го чува Името Македонија! Па таа борба да им ја остави и нив во Аманет! Таков е редот, тоа е ВМРОВСКИ! Јас продолжувам да не му верувам на професорот Мицкоски, а еве во негов стил, времето ќе покаже дали сум во право!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.