Потруди се да го сакаш оној кој нема да си игра со тебе како со некоја играчка туку оној кој ќе те почитува како личност, твоето тело и твојата душа. Потруди се да сакаш некојкој за тебе секогаш ќе има убави и позитивни зборови со кои секогаш ќе те опсипува.
Не бираш во кого ќе се заљубиш, но го бираш оној кој ќе го сакаш. Избери некој кој ќе те прифати и со сите недостатоци дури и кога сите ќе ја вртат главата од тебе, некој кој разбира дека пред туѓите рани се бираат зборови. Избери некој пред кого ќе можеш да бидеш опуштен таков каков што си. Избери некој на кој не му е важно твоето минато туку иднината со тебе.
Не бираш во кого ќе се заљубиш, но го бираш оној кој ќе го сакаш. Избери некој кој ќе има слични цели како тебе, некој кој те смирува кога си вознемирен. Избери некој со кој можеш да се разбереш дури со поглед.
Потруди се да сакаш некој кој те прифаќа таков каков што си не очекувајќи од тебе никакви чуда кои не можеш да ги дадеш. Потруди се да сакаш некој кој нема да ти создава солзи, туку некој кој ќе ти ги брише и ќе те насмее. Не бираш во кого ќе се заљубиш, но го бираш оној кој ќе го сакаш. Гледај тоа да биде некој кој и тебе ќе те сака и кој ќе ти се даде со целото срце, се што е помалку… не прифаќај!