Маринко Роквиќ не сакаше да остави тестамент кој ќе се чита по неговата смрт, но се грижеше за семејството до последниот ден од борбата со мачната болест, од која почина на 68-годишна возраст.
Кога болеста напредувала, пејачот решил имотот што го стекнал во текот на животот со сопругата Славица подеднакво да им го подели на синовите и неговата животна сопатничка, во чии раце починал. Неговата последна желба била Дарио, Никола и Марко да продолжат да живеат во мир и хармонија.
Маринко никогаш не ги разделуваше своите синови. Сите тројца ги сакаше неизмерно. Им даде се што можеше, а она што го стекна во текот на животот и богатата кариера подеднакво им го подели.
Тој бил свесен дека болеста е опасна и дека зема се поголем замав, па отворено разговарал за се и сешто со децата, а со договор го поделиле наследството за сите во семејството да бидат задоволни.
-Не сакаше да замине без да остави зад себе синови кои ќе се тепаат за имотот. Видовте дека, како што доликува, беше испратен во вечното почивалиште, верувајте го заслужи тоа, вели близок пријател на семејствоо Роквиќ.