Не очекува жешко лето со почести временски непогоди

Оваа 2019 година ќе биде година на метеоролошкиот феномен Ел Нињо кој условува повисоки температури на воздухот, но и почести временски непогоди, анализира Славчо Поповски.
Во најголем дел од европскиот континент вклучувајќи го и Балканот ова лето топлите бранови од северните предели на Африка се очекува да бидат позачестени и со поголем интензитет што значи очекуваме натпросечно топло време. Секако ова ќе услови и загревање на атмосферата, па така ќе се создаваат услови и за почести временски непогоди како што се: Поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и град, како и локални поројни поплави.
Во текот на ова лето очекуваме барем два до три изразени топлотни бранови во кој температурите ќе се искачуваат дури и над 40 степени, што за кај нас е и сосема нормална појава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.