Не пазарете гладни: Ќе потрошите повеќе пари на нездрава храна

Пазарувањето на празен желудник може да ве натера да одберете нездрава храна и притоа да потрошите многу повеќе пари. Барем тоа го покажало едно британско истражување. Кога сме гладни, ние купуваме многу поголема количина храна, а често вклучуваме во изборот и готова или полуготова храна што не треба долго да се подготвува.
Поголемиот дел од анкетираните испитаници признале дека кога се гладни почесто купуваат и храна на акција заедно со готовата храна. И сè тоа во поголеми количини. На страна од тоа што тие неделно трошеле во просек по 19 минути за планирање на тоа што треба да се купи, четири од десет луѓе признале дека отстапуваат од својата листа кога се излезени на празен желудник.
Истражувањата исто така покажале и дека оние што отстапувале од листата за купување во просек трошеле околу 760 денари повеќе во текот на едно пазарување. Тоа на годишно ниво може да резултира со дополнителен трошок од 40.000 денари.


„Кога сте гладни и во брзање, пазарувањето може да биде многу постресно и да дојде до непромислено трошење што подоцна ќе влијае на здравјето и ќе резултира со фрлање вишок храна“, објаснува Лорен Гилемејн. „Од друга страна пак, чоколадите и десертите им се најпривлечни на оние што купуваат на празен желудник. Дури и кога планираме да купуваме свежа храна, во оваа состојба многу тешко можеме да одолееме на искушенијата.“
И за крај, четвртина од испитаниците признале дека во оваа гладна состојба тие често заборавале дел од храната поради кој отишле да пазаруваат, па морале да се враќаат назад во маркетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.