Не поминал основна обука за цариник, стана заменик-директор на НАЈВАЖНИОТ СЕКТОР во Царина!

Ова го нема ни во Тунгузија… Службеник од Општина е назначен за помошник директор на Секторот за контрола и истраги во Цринската управа, иако нема никаква врска со Царина.

На официјалната веб-страница на Царинската управа можете да забележите дека Влатко Лакордов е назначен за помошник директор во еден од најважните сектори на Управата.

Лакордов, како што дознава Инфомакс, нема поминато и положено основна обука за цариник. Како што можете да забележите на листата во продолжение, Лакордов е пријавен за обуката, што значи дека истиот не би можел да биде ниту вработен во Царина, а уште помалку помошник-директор на еден од најважните сектори.

За да биде појасно, директорот на Царинската управа покрај тоа што има двајца заменици, има и заменик-директори во сите сектори на Управата, што значи и голема одговорност за раководителите на тие сектори бидејќи практично најголем дел од работата во пракса треба да ја завршат тие, а не директорот на Царина. За да помошник директор би требало да се назначи лице со долгогодишно искуство во Царина, особено за Секторот за контрола и истраги каде треба да бидат вработени најискусните цариници.

Лакоров инаку во Царина доаѓа од позицијата раководител на Секторот за човечки ресурси во Општна Гази Баба. Ниту на веб-страницата на Царинската управа, ниту на веб-страницата на Општина Гази Баба нема негова иографија, но Општина Гази баба ги објаснила неговите надлежности, кои се пред се комуникација, следење на работата на органите на општината, водење на база на податоци итн.

Како некој кој никогаш не бил во Царина ќе знае како да раководи со Секторот за контрола и истраги веројатно требало да размислат директорот на Царинската управа, а и Владата која и самата има низа промашувања на кадрите кои ги назначува.

Инфомакс претходно објави дека новоформираното второ заменик-диекторско место во Царина ќе го добие кадар на ЗНАМ, односно на Максим Димитриевски. Според нашите информации за заменик-директорското место се подготвува Горан Геровски, кој меѓу шпедиторите е познат како „најбогат цариник“.

Со работата на Царинската управа раководи директор кој го именува и го разрешува Владата.  Директорот на Царинската управа има заменик кој го именува и разрешува Владата. Директорот и заменик-директорот се именуваат на предлог на министерот за финансии по спроведен јавен оглас за избор, објавен во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Македонија од кои еден се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и имаат мандат од четири години.

Директорот и заменик директорот за својата работа и работата на Царинската управа лично е одговорен пред Владата и министерот за финансии. За директор и заменик-директор, може да биде именувано лице кое е државјанин на Македонија, во моментот на именувањето нема судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование, најмалку пет години работно искуство и да поседува сертификат за солидно познавање англиски јазик не постар од пет години.

Пронајдете не на следниве мрежи: