Не признаваме со договорот македонска националност

Ципрас во интервју за грчкиот весник Катимерини вели дека со овој договор Грција ништо не губи, туку само добива.
-Ставајќи ја придавката Северна пред Македонија добиваме повеќе од колку до сега кога придавката „поранешна“ се однесуваше на Југославија, а не на Македонија. Ние сепак ја нарекувавме Македонија. Овој договор ни дава повеќе од тоа, многумина не обвинуваат дека тргуваме со името, но јас не гледам дека со овој договор ние нешто даваме. Имаме само да земеме, вели Ципрас.
Во новинарско прашање дека Ципрас во договорот ја прифаќа македонската националност вели дека во договорот стои државјанство, но не и признавање на националноста.


-Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност, потенцира Ципрас.
Новинарот го праша и како ќе не викаат другите државим а Ципрас на тоа вели:
-Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сека ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат , граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме, заврши Ципрас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.