Не прифаќаме уцени, и одговори Спасовски на ИВЗ

Македонија е секуларна држава и не прифаќаме никакви уцени, одговори вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по ултиматум на Исламската верска заедници која и даде на Владата рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на вакувскиот имот.
“Ова писмо од ИВЗ е уцена. Ние порачуваме дека не гледаме поинаков начин за решавање на проблемите освен разговарање и работа како разумни луѓе“, рече Спасовски.
Од ИВЗ изјавија дека ако во дадениот рок Владата не го реши нивното барање, пред почетокот на кампањата тие ќе ги информираат муслиманските верници во 700 џамии дека се води, како што рекоа, бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на Исламската верска заедница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.