Не работи сеуште Платформата за онлајн настава

И денеска поради големиот број на вклучени наеднаш, Националната платформа за онлајн настава има проблеми.

Два дена пред почетокот на учебната година, не може да се вклучите на платформата.

Владата одлучи со физичко присуство настава да следат само учениците од прво до трето одделение. Затоа се појави потреба од онлајн алатка за следење на наставата.

За таа цел и беше изработена Националната платформа за онлајн учење.

Министерката за образование Мила Царовска за вечерва во 20 часот закажа итен онлајн-состанок со директорите на основните и средните училишта. „Платформата за онлајн настава ја правиме не само за да ја надминеме ковид – состојбата, туку и за да биде поддршка и понатаму во наставата. Предизвици ќе има, но најважно е сите да покажеме грижа кон учениците и да ја започнеме наставата на 1 октомври“ – информираа од нејзиниот кабинет.

Пронајдете не на следниве мрежи: