Не работи системот за ладење во Фукушима

Во јапонската атомска електрана „Фукушима Диаичи“, која пред две години беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито, снема електрична енергија, што влијаеше на разладните системи во базените во кои е потрошено нуклеарното гориво.Во соопштението на компанијата TEPCO, во чија надлежност е централата, се наведува дека во тек е процена за причината зошто снемало струја.Тоа влијаело врз базените на реакторите 1,3 и 4, но според наводите од компанијата, тоа не се одразило на реакторите.TEPCO истакнува дека нема непосредна опасност по околината, затоа што е потребно четири дена за најврелиот базен да ги достигне безбедносните граници.„Се обидуваме пред тој рок да воспоставиме нормален проток на енергија“, рече портпаролот TEPCO.Во соопштението се додава дека температурата во најврелиот базен на реакторот 4 била 30,5 Целзиусови степени, што е многу под безбедносната граница од 65 степени.Во базените се наоѓа потрошено нуклеарно гориво од реакторите. Базените го разладуваат горивото, кое создава висока температура и штити од ширење на радијација.Потрошеното нуклеарно гориво останува во базените една година, а во некои случаи и подолго.Стручњаците тврдат дека нема непосредна опасност од радијација, но доколку во потребниот рок не биде вратен доводот на свежа вода, постои можност таа течност во базените да почне да се врти.Тоа може да предизвика губеше на течноста и евентуално изложување на потрошеното гориво на воздух, а доколку се случи тоа, ќе предизвика шиење на радијација.Нуклеарната електрана „Фукушима“, оштетена е во земјотресот и цунамито кои ја зафатија Јапонија во март 2011 година. Брановите предизвикаа дефект на разладните системи, што доведе до топење на три реактори. Инженерите ја стабилизираа електраната, но потребна е повеќегодишна работа за да се отстранат последиците од катастрофата.
МакфаксВо јапонската атомска електрана „Фукушима Диаичи“, која пред две години беше тешко оштетена во земјотресот

Пронајдете не на следниве мрежи: