Не размислувам за оставка, барајте одговорност кај судиите

По синоќешниот неуспешен обид на полицијата да го приведе експремиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка од функцијата, посочувајќи дека одговорноста треба да се бара кај судиите, кои не одредуваат притвори за оние кои можат да избегаат.
“Замислете има притвор за тешка кражба, а за тешки кривични дела нема притвор. Полицијата работи врз основа на наредби од судот. Постојат мерки за обезбедување а тие ги обезбедува судот“, изјави министерот Спасовски.
Тој наглси дека МВР ќе има информации и дека ќе дојде до Груевски.
“Но ова не е само за Груевски туку за сите лица. Законот за кривична постапка кажува како треба да се постапува со ваквите лица. Јас мислам дека ако следиме комуникации спротивно на закон како претходно, ќе имаме сериозен проблем. Го баравме Груевски во неговиот дом, ги проверувавме возилата. Доколку имаме налог ќе влеземе во секој објект. Врз основа на добиените информации, секако ќе постапуваме. Не очекувате веројатно да ставиме линк на плоштад и да ги споделуваме сите информации од истрагата со јавноста“, истакна Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.