Не сакаше да слави роденден, но не издржа- Цеца се пофали со подароците кои ги доби, сите се прашуваат дали овој е од нејзиното момче?

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера наполни 46 години, но не сакаше да го прослави својот роденден оваа година.
Оваа година се одлучи за интимна прослава, а за тоа ја „обвини“ ќерката Анастасија Ражнатовиќ.
-Оваа година одлучив да не славам, бидејќи многу добро си поминавме на роденденот на Анастасија пред две недели. Си реков нема потреба сега повторно да правам забава, вели пејачката за српските медиуми.


Секако честитките пристигнаа од сите страни, но и подароци кои со нетрпение ги сподели на својот Инстаграм профил.
Имено таа доби големо срце со фотографии од неа, но и многу цвеќиња и скапи подароци кои не успеа да ги сподели со фановите.
Фановите инаку веднаш се запрашаа дали овој подарок со рози и бонбони можеби е од нејзиното момче?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.