Не само што блеска од убавина, туку и со телото Јелена Јованова е риба ипол по породувањето

Улогата на Јелена од Драчево во македонскиот ситком „Преспав“, на актерката Јелена Јованова и донесе дополнителна пополарност, а народот се повеќе сака да види и слушне нешто повеќе за неа.
Поминаа пет месеци откако го родеи своето прво чедо, синчето кое го носи името Јаков, а мама Јелена полна со енергија, очигледно разубавена од мајчинството се врати пред камерите во нови професионални освојувања.


Таа не само што заврши со снимањата на епизодите од новата петта сезона на „Преспав“, туку работеше и една рекламна кампања за која откри на Инстаграм.
Од приложеното може да се види дека Јеленка е топ риба и по породувањето, а со нетрпение очекуваме да ја видиме во новата сезона од рецепцијата на хотелот во Преспа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.