Не се ажурирам, пошто и така и така не не фермате!!!

Ете го денот што го чекав 01.12.2018 почнувало ажурирањето на членството во ДПМНЕ
Епа вака јас Зоран Илиевски член на ВМРО ДПМНЕ од далечната 2004 на моја 15годишна возраст како средношколец и се понатаму низ различните комисии и структури на УМС ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА за подоцна и технички секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола заклучив една работа и еве ја споделувам со сите вас мои сопартијци и пријатели:
1. Во политичка партија во денешно време нетреба да биди никој освен ако има време за губење бидејќи за сите грешки на политичарите ќе бидиме криви ние, а ние сме НИКОЈ И НИШТО според ВРВОТ НА ПАРТИИТЕ.
2. Јас не планирам да го ажурирам МОЕТО членство во ДПМНЕ бидејки НАС кои што изминативе кампањи од 2004 почнувајки со предвремените претседателски избори па наваму деноноќно што трчавме мрзневме и како што рече еден другар мој екс претседател на УМС Битола ги гушкавме дрвата, стигнавме да бидиме побарани од партијата само за полнење на автобуси.
3. Болните умови за функции си го покажаја своето лице, а јас и многу други се искаравме со другари пријатели и ред други познаници и роднини за нив Е ТОА БОЛИ НАЈМНОГУ.
4. Да биде уште потрагично сите НИЕ од 2004 па наваму што сме трчале и некои уште трчат сме заборавени и нашето мислење ни се сака ни се слуша ТАКА да во такво место поарно да не припаѓаш.
П.с #БорбатаЗаМАКЕДОНИЈА никогаш не запира без разлика дали си член на политичка партија или НЕ #МАКЕДОНИЈАВЕЧНА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.