„Не се живее националноста само на социјалните мрежи

Сопругата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, симпатичната Јелена Ѓоковиќ, многумина ги изненади со влегувањето во вербален конфликт со своите пријатели на Инстаграм.
Ретко кој очекуваше дека Јелена директно ќе одговара на коментарите на нејзините објави, но таа го направи токму тоа на фотографијата на која позира со Ноле во природна средина. „Да живеат новите почетоци и свежите стартови“, напиша Јелена во описот на фотографијата.


-А што не те одведе малку до Шавник, во Боан, да ја видиш неговата дедовина? Дурмитор? Тој со тебе ќе го заборави српскиот јазик, а не црногорското потекло. Му посакувам среќа на нашиот Новак. И тебе да се приземјиш, бидејќи многу зборуваш. Извини. Часови по српски – поволно, напиша една нејзина пријателка во коментар, замерувајќи на англискиот јазик на кој го имаше напишано описот Јелена на фотката.
„Зошто мислиш дека веќе не сме биле таму? Не се живее националноста само на социјалните мрежи“, коментираше Јелена, која извесно време е директорка на фондацијата од Ѓоковиќ која се занимава со собирање средства за сиромашните деца во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.