Една студија покажала дека најмала е веројатноста да се изврши неверство во првата година од врската, кога сме целосно “излудени” од хормоните. Тоа е причината зошто првата година е најлоша за стапување во брак, бидејќи овие бракови најлесно се распаѓаат.
Научниците велат дека во почетната фаза на љубовта ние не го гледаме вистински ни партнерот, а уште помалку некој друг. Тогаш ни се чини дека тој е вистинската личност за нас и ние сме убедени дека сме ја пронашле сродната душа за цел живот. Меѓутоа, кога страстите ќе стивнат, ни останува разголената вистина за тоа каква е навистина нашата врска или личноста со која сме.
Токму поради тоа експертите за љубовни односи советуваат дека првата година е најлоша за стапување во брак, и дека овие бракови ќе се распаднат многу лесно. Статистичките податоци покажуваат дека “инстант” семејството, односно двојки кои ги се запознаваат и имаат дете во првата година, имаат најмалку шанси да останат заедно. Сепак, ова не е правило, и е често демантирано во праксата, но има најлоши статистички шанси.
Неверствата се најретки во врските каде што владее љубовта, но онаа зрелата, лишена од посесивноста и желбата постојано да бидат заедно. Исто така, сексот е многу важен, па истражувањето покажува дека во врските каде сексуалниот живот е задоволувачки за обата партнери, неверството поретко се случува.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Една студија покажала дека најмала е веројатноста да се изврши неверство во првата година од врската, кога сме целосно