Не си ги сакате бутовите? Нема причина за тоа, прашајте ги мажите…

Жените многу често без причина се премногу критични кон себе и својот изглед. Мажите просто ги обожуваат токму тие делови кои жените не си ги сакаат.
Многу жени сонуваат за долги и слаби нозе какви што имаат супермоделите, бидејќи уверени се дека на мажите единствено тие нозе им изгледаат убаво и привлечно, но се лажат.
Тоа го потврди и едно онлајн истражување спроведено кај мажите. Тие добија задача да откријат кој дел од женските нозе им е најинтересен и како треба да изгледаат совршените женски нозе.
Речиси 80 % од испитаниците откриле дека обожуваат заоблени и нагласени листови.

Тие им се многу повеќе привлечни од послабите листови. Токму тој дел од ногата жените често не си го сакаат и упорно го кријат.
Ништо помалку критични не се и кон бутовите. Жените сметаат дека се преголеми и предебели, но на мажите тоа не им пречи. Нешто помалку од 50 % од испитаниците рекле дека немаат ништо посексапилно од бутовите како што ги има Џенифер Лопез.
Дури 32 % ги издвоиле колената како најсексапилен дел од женската нога, а веднаш зад нив се листовите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.