Не сме против тоа што Македонија си го смени името, нам ни е сомнителен процесот

Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската федерација, изјави дека Москва не е против новото име на Македонија, туку има сомнеж околу легитимноста на целиот процес, пренесе агенцијата „Спутник“.
-Ние не сме против името што се појави на крај. Ние се прашуваме колку овој процес е легитимен и колку е условен со намерата да се постигне консензус меѓу Скопје и Грција или пак, е предизвикан со намерата на САД, сите балкански земји колку што е можно побрзо да ги вовлече во НАТО и да запре какво било влијание на Русија на овие простори, изјави Лавров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.