Првиот голман на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски порача после третиот убедлив пораз, вечерва од Аргентина, дека треба добро да се анализира овој настап зашто смета дека Македонија не е толку слаба за да губи по – десет разлика.
Македонија имаше и минус 12 пред крајот на мечот со Аргентина, но успеа да се избори барем да не биде двофицрена разликата за разлика од десетте од Холандија и 12-те гола разлика со Норвешка, но севкупно очајно издание имаше новата генeрација на Кирил Лазаров.