Не сум домаќинка за да седам дома: Сузана Манчиќ откри дека само 7 дена месечно поминува со мажот

Успеа да ги збуни сите со своето шокатно признание…
Водителката Сузана Манчиќ се осврна на целата ситуација со коронавирусот, но истакна дека таа успеала да најде решение.
Без оглед на тоа што поради пандемијата патувањата се покомплицирани од порано, водителката откри дека секој месец оди во Грција кај својот сопруг.
„Секој месец одам во Атина, седум дена. Тие седум дена се и премногу, бидејќи сѐ е затворено, затоа што јас сум затворена дома, затоа што мојот сопруг работи и тој излегува наутро, се враќа навечер, а јас седам како домаќинка. Јас не сум некоја домаќинка за да седам дома. Немам другарки за да одиме на кафе, како што имам тука. Многу е тажно во Грција“ – си призна Сузана.
Потоа, таа истакна дека иако времето е тешко, мора секогаш да се најде време за позитивни мисли, шега и смеење.
„Оваа ситуација со короната ќе трае кој знае уште колку, можеби уште две години, а можеби уште пет. Па сега, ако треба да умреме веднаш сите… Треба убаво да се живее. Треба секогаш да се најде причина за убав збор и насмевка“ – исткана Сузана за Токсик ТВ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.