Веб-страницата „najdime.org.mk“ вчера соопшти дека Стојкова (35) е исчезната. Подоцна од Министерството за внатрешни работи информираа дека нема регистриран случај од таков вид кај нив. Во доцните часови, Стојкова самата ја негираше веста преку објава на нејзиниот Фејсбук профил. „Драги пријатели, оние кои ме познавате и сите што ме не познавате – информацијата која денес се распространуваше дека сум исчезната е НЕТОЧНА!!! Се раширила лажна паника!!! Ви благодарам за вниманието и вашиот обид да ме лоцирате, но навистина станува збор за погрешна тревога. Со почит!“, стои во објавата на Стојкова.
The post Не сум исчезната, ви благодарам на грижата appeared first on 365.mk.