Не фрлајте го исцедениот лимон: Замрзнете ја кората и користете ја подоцна

Лимонот е еден од ретките видови овошје со кора што вреди колку и неговата внатрешност. Сепак, проблемот е во тоа што не ни треба и сок и кора од лимон истовремено.
Кората од лимон е еден од најбрзите начини на кои можете на вашето јадење да му додадете сончева есенција, но понекогаш не ви се потребни истовремено и сок и кора од лимон, а овие моменти што не се синхронизираат може да ве остават со цел куп кора од лимон која сè уште не сте подготвени да ја потрошите.
Корисник на Reddit неодамна сподели совет за сите кои имаат слични проблеми.
„Понекогаш за јадењето ми треба само малку кора од лимон, а не ми се оди во продавницата за толку малку лимон. Затоа, откако ќе го исцедам лимонот поради сокот, остатокот го оставам во замрзнувач и го користам кога ќе ми затреба. За среќа, кората од лимон добра поднесува замрзнување. Значи, кога користам свеж сок од лимон, остатоците од кората ги ставам во замрзнувач и ги користам кога ми затребува“, вели тој.


Кората од лимон навистина не влијае на текстурата на јадењата, па затоа не е важно дали е добро замрзната. Кора од еден лимон е доволна за да послужи за повеќе оброци, така што не зазема многу простор во замрзнувачот.
Веројатно истото би успеало и со портокал или лимета, но лимонот е најшироко распространет како и користењето на неговата кора при готвењето. Кората од лимон е составен дел од многу рецепти, а ја сакаме и во колачи и овесни снегулки.
Ова е паметен потег од две причини – една очигледна и една помалку очигледна. Очигледно е дека замрзнувачот го забавува процесот на распаѓање на кората од лимон, овозможувајќи ви да ја користите подоцна, кога е потребно. Помалку е очигледно дека сечкањето кора од лимон е здодевно бидејќи кората е мека, а смрзнувањето ги прави малку поцврсти, што ја олеснува работата. Затоа, следниот пат кога ќе направите лимонада или кое било друго јадење или пијалок за кој е потребен куп сок од лимон, ставете ги лушпите во замрзнувач. Некогаш ќе ви биде многу драго што сте го направиле тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.