Не чекајте „5 до 12“: Уште само пет дена остануваат да ги проверите годишните даночни пријави

Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до крајот на овој месеци, односно 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.
На електронскиот систем на Управата за јавни приходи регистрирани се над 680 илјади даночни обврзници кои оствариле приход во текот на 2018 година. Тие треба на својот кориснички профил да ја проверат испратената препополнета Годишна даночна пријава и да ја потврдат или да ја кориригираат.


Од УЈП за МИА информираат дека од 1 јуни Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава, коригирана или потврдена.
– Исто така од 1 јуни 2019 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓанинот не се ниту потврдени или коригирани, појаснуваат од УЈП.
Оттаму додаваат дека годишната даночна пријава што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата, посочуваат, ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
-Пресметана разлика за доплата по годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обврска да ја платат најдоцна до 30 јуни 2019. Согласно законските одредби УЈП, како што наведуваат, нема да носи Решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход.
Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200.
Воедно, ги повикуваат и граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.