“НЕ ЈА ПРИФАЌАМЕ МАКЕДОНИЈА ВО НАТО!“- остра порака на словенечката десница до Брисел и Вашнгтон!

Притоа тој потсетил дека граѓаните на Македонија на референдумот јасно кажале дека не сакаат влез во НАТО и ЕУ. “Македонците ја одбија евроатланската интеграција и порачаа дека не го прифаќаат, од надвор наметнатиот, Договор со Грците. Луѓето се свесни дека промената на името на државата е само друго име за постепено исчезнување на Македонија од политичката мапа на Балканот“, рекол Јелинчич.
Претседателот на Словенечката национална партија ги прозвал и бриселските политичари, нарекувајќи ги лицемери и послушни извршители на геостратешките интереси на САД. “Додека нас не повикува на почитување на европските вредности на демократијата, Европската Унија истите тие вредности самата ги погазува во Македонија и се става во служба на насилно ширење на НАТО на Балканот“, нагласил Јелинчич.
Своето обраќање тој го завршил со зборовите дека пратениците на Словеначката национална партија,  за разлика од останатите кои гласаат по диктат на Америка, секогаш ќе гласаат според својата савест и во интерес на својот народ. “Нам совеста ни говори да ја почитуваме волјата на македонскиот народ и да не го поддржиме влезот на Северна Македонија во НАТО!“, заклучил Јелинчич.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.