Не ја убивајте оваа бубачка доколку ја забележите во вашиот дом

Летото во куќата знае да ни донесе многу бубачки. Сепак, доколку видите ваква стоногалка немојте да ја убивате.
Изгледа страшно, брза е но може да ви донесе многу корист во вашиот дом – затоа што ги уништува сите останати ужасни бубачки.
Тие бараат влажни места во куќата и плен. Вкусни им се лебарки, пајаци, термити, а неретко ќе дофатат и се останато што “мижи” во вашиот дом. Овие стоногалки се неверојатно брзи, а својот плен го парализираат со нозете во кои имаат отров. Не грижете се, отровот служи да ги убие бубачките, вам не ви може ништо. Имаат и многу брз метаболизам, што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.


Доколку многу се плашите и не сакате и вам да ви шетаат по куќа советот е да ја фатите во сад и да ја вратат на природата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.