Тестенините се едно од омилените јадења на голем број Македонци, па често ги подготвуваме дома, но следен пат кога ќе ги варите не ја фрлајте водата, туку сочувајте ја и со неа направете нешто корисно.
Имено, таа е богата со хранливи материи па со неа полијте си ги билките. За нив таа ќе биде како природно ѓубриво и вистинска храна, па тие ќе цветаат дури и во зима и ќе бидат свежи.
Цел живот погрешно сме цеделе тестенини – Ова е вистинскиот начин
Тестенините ги обожаваме сите, подготвувањето е многу лесно, едноставно ги вариме, но на сите ни претставува потешкотија нивното цедење.
Цедалката е наједноставниот начин за цедење на тестенините, но по видеото кое излезе на социјалните мрежи очигледно е дека целиот живот потполно погрешно сме ја користеле.
На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео снимка од правилно цедење тестенини, а истата стана неверојатен хит меѓу луѓето.
Имено, начинот на кој што поголемиот дел од нас ја цеди храната по варењето е погрешен бидејќи содржината од тенџерето во моментот кога го правите тоа не треба да се премести во цедалката, па потоа да се врати во тенџерето. Цедалката се става на тенџерето, а потоа целата содржина се цеди.
Авторот вели дека оваа метода е многу едноставна и дека истата му го олеснила животот, но исто така и дека го намалува оптеретувањето на зглобовите на