Ние како граѓани имаме право да знаеме за случајот Траекторија

Одбраната бара исклучување на јавноста. Џолев не дозволи… Во Кривичниот суд продолжи слушањето на телефонските разговори кои СЈО ги достави како доказ за случајот Траекторија, односно за изградбата на патиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Досега се преслушаа околу 20 мошне интересни телефонски разговори.

Во Кривичниот суд продолжи слушањето на телефонските разговори кои СЈО ги достави како доказ за случајот Траекторија, односно за изградбата на патиштата Миладиновци- Штип и Кичево -Охрид. Досега се преслушаа околу 20 телефонски разговори. Во еден од тие разговори тогашниот премиер Груевски му кажува на екс министерот за транспорт Јанакиевски да го вклучи и Ѕинго во изградбата на кинеските патишта. „Миле со Ѕинго сум. Да го вклучиме во кинеските патишта кога ќе дојде време, му вели тогашниот премиер Никола Груевски на министерот Миле Јанакиески.
На денешното рочиште ќе се презентираат и смс пораки меѓу поранешните владини функционери, кои се обвинети за изградбата на автопатиштата. Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова предложи само дел од прислушуваните разговори да се слушаат без присуство на јавноста, бидејќи во нив имало и приватни разговори, а адвокатите на обвинетите сметаат дека сите разговори треба да бидат преслушани, но без присуство на јавноста. Адвокатката на Пешевски, Светлана Савиќ рече дека дел од разговорите кои СЈО ги предлага да се слушаат, се помеѓу двајца министри кои разговараат за државни прашања и за односи меѓу две држави и поради тоа јавноста треба да биде исклучена.
Судијата Бошевски даде пауза до 13 часот за да донесе одлука по предлозите и на одбраната и на Обвинителството. Во Траекторија покрај Груевски и Јанакиевски, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението Груевски го искористил своето реално влијание и службената положба како премиер и побарал од обвинетиот Владимир Пешевски, како вицепремиер, и Миле Јанакиески, како министер за транспорт и врски, да извршат избор на компанија за изградба на автопатите без да спроведат постапка за јавни набавки.
СЈО тврди дека бил заобиколен Законот за јавни набавки и само со директен договор со кинеската компанија „Синохидро“ склучен во октомври 2013 година започнала градбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, иако понудата на фирмата „СВЕ“  за изградба на автопатите била пониска за 4.800.000 евра. Затоа велиме дека Ние како граѓани имаме право да знаеме за случајот Траекторија бидејќи се работи за наши пари. Треба точно да се дознае кој како и колку „стопил“. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.