Низа апсења за дрога во изминатото деноноќие, меѓу упсените има и странски државјани

Во изминатото деноноќие полицијата лиши од слобода 13 лица кај кои се пронајдени и одземени наркотици. Меѓу уапсените тројца се странски државјани и еден е малолетник од Турција. Акциите се спроведени во Скопје, Охрид и Прилеп.

Ноќеска во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле К.Б.(33) од Република Хрватска затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Синоќа во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Ш.(39) и Е.Ј.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(22) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претходно во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.А.(19) и малолетник, двајцата од Република Турција, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Во истовреме, исто така на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.М.(21) и Ш.Џ.(34) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Според полицијата во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласуваат од полицијата.

Во два одделни случаи во Охрид и Прилеп, полицијата во патнички возила пронајде марихуана. Возачите, едниот од Велес, другиот од Прилеп се приведени.

„Ноќеска во 00.50 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Елешец во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.Н.(38) од Велес затоа што при преглед во неговото патничко возило „рено клио“ била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.

„Во 02.45 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки била пронајдена марихуана“, соопшти Министерството.

Соодветна пријава ќе следува и по документирање овие два случаи.

Во полицискиот билтен се најде и информацијата дека СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

„На 20.09.2024 кај наплатна рампа Миладиновци, скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во возилото во кое се превезувал, при што кај него бил пронајден и одземен хероин“, стои во полицискиот билтен објавен денеска.

Пронајдете не на следниве мрежи: