Низ мрежите кружат бизарни теории за Меланија Трамп: Тврдат дека Доналд на гласање бил со нејзината двојничка

Појавувањето на Меланија Трамп покрај Доналд на гласачките места во Вест Палм Бич поттикна теории на заговор, при што социјалните мрежи се сомневаат дека тоа е таа.Посебно внимание на мрежите привлекоа фотографиите и видеата на Меланија Трамп, која му правеше друштво на Доналд Трамп додека гласаше во Вест Палм Бич, Флорида, а многумина се сомневаат дека всушност станува збор за првата дама и тврдат дека тоа е нејзина двојничка.Имено, Меланија на гласањето се појави во црн фустан со бели реси, а носеше и црни очила за сонце.Convicted felon voting… illegal.Wearing MAGA hat while voting… illegal.Having Melania double vote for her… illegal.Trump Crime Family on Election Day. 🗳️pic.twitter.com/36VSRQtEAG— Billy Baldwin (@BillyBaldwin) November 5, 2024Токму овој детаљ започна теории на заговор, а на мрежите ги споделија своите сомнежи дека сопругата на Трамп навистина дошла со него.„Ова апсолутно, категорично не е Меланија“, тврди еден корисник на Твитер, наведувајќи дека „оваа измамничка носела очила за сонце во затворен простор“.Други, исто така, споделија тврдења дека до Трамп стоела лажна Меланија.Во меѓувреме, Меланија објави налепница „Јас гласав“ на секоја од нејзините страници на социјалните мрежи, заедно со американско знаме, по нејзиното појавување на Флорида.WOW! Is that a fake @MELANIATRUMP next to @realDonaldTrump? https://t.co/Cal400TaHq— Terrence Larson (@TerrenceLarson6) November 6, 2024Таа кажа само неколку зборови на избирачкото место, велејќи им на новинарите дека се чувствува „многу добро“.

Пронајдете не на следниве мрежи: