-Повторно дојде времето да се постави мостот меѓу минатото, сегашноста и иднината. Создавајќи магија во која времето и не игра којзнае каква улога, да ги оживееме обичаите, да ги исткаеме метафизичките конци протегнати од исконот, да го збуниме разумот заматувајќи ги границите меѓу реалното и надреалното, да ги разбудиме сите сетила.
Среќни што годинава можеме тоа да го направиме, среќни што сме овде, што сме здрави, и сеќавајќи се на оние кои ги изгубивме патем во тешката година што измина, и кои и покрај тоа ќе бидат со нас, поканети, присутни…, велат од Месната заедница Галичник.
Културната манифестација Галичка свадба 2021 е под покровителство на шефот на државата Стево Пендаровски.