Никако не се сончајте ако ги земате овие лекови или користите вакви препарати

За жал одделни лекови и уживањето во сончањето не одат заедно. Некои од лековите и помошните средства можат да предизвикаат тешки алергиски реакции по кожата, но и на самиот организам.
На пример доколку користите одделни антибиотици, анти-бејби пилули или сте на терапија на коритиостероиди, а сте планирале летување, консултирајте се со својот лекар.
Парфеми, дезодоранси, пилинзи и други козметички препарати во комбинација со сончевите зраци, можат да предизвикаат бурна реакција на кожата, како што е осипи, облици на ситни меурчиња, пликови, лупење на кожата и силно чешање.


Како да ја одберете најдобарата крема за сончање?
Кремите за сончање со заштитен фактор секојдневно се купуваат. Додека некои потрошувачи веруваат во одреден бренд, други сепак се водат по цените и желбите за да поминат најефтино.
Меѓутоа, лекарите советуваат креми со заштитен фактор 20, а најделотворна и најдобра е онаа крема која на декларацијата содржи ознака „SPF“ која укажува на заштита од УВБ и ППД кои, пак, укажуваат на заштита од УВ зраците, а нивната размена треба да биде 3:1 или 2:1.
Исто така потсетуваме дека кремите се нанесуваат половина час пред излегување на сонце. Децата до две години не би требало да се вадат надвор по високите температури, додека постарите деца треба да користат креми со поголем заштитен фактор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.