НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените опшествено одговорни групации во државата

Во изминатиот период Никоб Обезбедување, Никоб Медикал и Никоб Лаб беа покровители и
поддржувачи на неколку големи спортски, културно образовни настани и работилници низ
целата држава.
Сите настани на кои НИКОБ Групацијата беше покровител, исклучиво промовираа јавни
политики кои имаа за цел да продуцираат здрави навики и животни стилови, младинска,
спортска култура, медицинска и здравствена едукација.
Горди сме што бевме спонзори и покровители на 43 Интернационален медицински конгрес во
Охрид, реномираниот триатлон “Триоги Рејсинг”, Авто Плус Стрит Шоу саемот за автомобили,
мотоцикли и електрични велосипеди во Скопје, Вози право, вози здраво во Скопје и
прекрасниот струмички маратон Струмица на улица и како и многу други настани.
Никоб Групацијата спонзорира и поддржува и неколку спортски клубови во Македонија, како
на пример одбојкарскиот шампион ОК Струмица, КК Ангели од Кисела Вода и ФК Кул.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.