Никогаш нема да си помислите дека се мајка и син: Раста сподели емотивен статус и фотографија од својата мајка

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста ретко во јавноста зборува за својот приватен живот, но гостувајќи во една српска емисија раскажа кој го привлеков во светот на реге музиката, а потоа ја спомна својата мајка Слаѓана и таткото Драган Ѓуриќ.
-Мојот татко беше тој кој прв ми ги пушташе песните од Боб Марли каде јас сфатив дека тоа е мојот свет, вели Раста во емисијата каде додаде дека неговиот татко е професор по класична германска филозофија на Филозофскиот факултет во Белград, додека неговата мајка е професорка на факултетот за безбедност.


Доказ дека ги почитува своите родители е неговата скромност, а по повод роденденот на својата мајка сподели и фотографија од неа.
-Благодарам што постоиш, благодарам за се и извини што милион пати за секој стрес, тага, солзи, страв, болка… Ти благодарам за се, што покрај се беше најдобра, што покрај се беше мој најдобар пријател, пишува под фотографијата Раста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.