Истражувањата покажаа дека не фантазираат само жените за нежност, туку и мажите.
Една студија предводена од Superdrug online doctor, во која учествуваа повеќе од 1.600 Американци и Европејци кои се во емотивна врска, откри дека, покрај физичката возбуда, мажите подеднакво сонуваат да се галат и бакнуваат.
Иако размислувањата за сексот се во преден план, според податоците на ова истражување, дури 16,8 проценти од мажите размислуваат за долгото галење со партнерот и 29,7 за бакнежите.
Очекувано жените повеќе размислуваат за бакнување и гушкање – дури 21,2 проценти признале дека размислуваат за тоа како се галат со партнерот, а 38, 5 размислуваат за бакнежите.
И покрај стереотипите, ова истражување покажа дека не само жените се загрижени за нежноста, туку и мажите. Всушност, сите ние сме романтични помалку или повеќе, нели?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.