Еј, ти! Да, ти, што одиш со наведната глава и згрчени рамена! Знам дека животов понекогаш навистина го претерува, ама од каде сета таа тага? Кога заборави на сопствената вредност?
Зарем заборави на сите моменти кога самиот стануваше од калта? Заборави ли на сите моменти кога мораше сам да се подигнуваш од подот, а немаше никој за да ти подаде рака?
Дали знаеш колкава сила е потребна за сам да се издигнеш од ударите на животот? Да, да, навистина е потребна сила. Не се омаловажувај себеси. Немој да ги потценуваш своите успеси, ниту да ги преценуваш своите неуспеси.
Ќе имаш уште еден тон успеси во животот, а за жал ќе има и по некој неуспех.
Но, секогаш оди со високо крената глава и гордеј се со своите постигнувања.
Има моменти во животот кога и самото станување од кревет е успех.
Не ги заборавај тие моменти и не ги потценувај.
Тие моменти се најважните моменти при обликувањето на она што си.
Без нив, ни поголемите успеси не би биле можни, а неуспесите не би биле надминати да не биле тие мали победи.
Слави ги своите мали победи, слави ги своите големи победи.
Слави го животот, секој можен ден!
Ајде, исправи се, стави ја насмевката и прослави го овој ден!