И пред здравствената криза, средството за дезинфекција на раце се наоѓаше во торбите на многу луѓе. Меѓутоа, со моменталната епиде*иолошка ситуација, миењето и дезинфекцијата на рацете никогаш не биле поважни и почести.
Колку и да сте користеле вакви средства, веројатно досега сте ја направиле честата грешка на која ретко кој мисли. Никако не го оставајте средството за дезинфекција во автомобилот, пренесува B92.
Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) препорачуваат користење на средства за дезинфекција на раце кои содржат најмалку 60% ал*охол, за уништување на микробите.
Меѓутоа, средствата за дезинфекција на раце на база на алк*хол обично содржат етанол кој “испарува на собна температура”.
Значи, ако предолго го оставите во топло опкружување – како во автомобил – топлината ќе ја намали количината на алк*хол, активната состојка која ги уништува болестите. Така средството во основа станува бескорисно.
“Дефинитивно е проблем ако го оставите средството за дезинфекција во автомобилот со денови и недели”, вели доктор Грег Бојс, професор на одделот за хемија и физика на Универзитетот “Florida Gulf Coast”.