Никогаш не пијте кафе во овие два часа

Нутриционисти откриваат кога во текот на денот треба да избегнуваме да пиеме кафе.
Кафето е еден од најпопуларните пијалаци ширум светот, вообичаено постои навика да се пие во утрински часови. Ова посебно се однесува на вработените луѓе кои го користат кофеинот за брзо разбудување.
И додека го обожаваме вкусот, но и ефектите од кафето, експертите истакнуваат дека консумирањето на овој пијалак во текот на утрото може повеќе да наштети, отколку од него да се има корист.
Имено, имајќи предвид дека кофеинот го зголемува вниманието и будноста, тој истовремено ја зголемува количината на хормонот на стресот кортизол во телото.

Сепак, проблемот е во тоа што нивото на кортизолот се зголемува кога ќе се разбудиме, па ако пиете кафе, дополнително се зголемува лачењето на овој хормон.
Со самото тоа, ако пиете кафе два часа по будењето, можете да го поттикнете телото да стане имуно на кофеинот. Поради тоа, кафето треба да се пие помеѓу 9.30 и 11.30, бидејќи во овој период, главно, нивото на кортизол е нешто пониско.
Кога станува збор за вечерните часови, препорака на здравствените работници е да не се пие по 17. 30, за да избегнете несоница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.