Никогаш не ставајте го рутерот на ова место во станот! Експерт откри дека постојат 3 „зони на смртта“ кои го прават вашиот интернет лош!

Позицијата на рутерот во куќата може значително да влијае на брзината и сигурноста на Wi-Fi конекцијата.Извршниот директор на Voneus Broadband, Хал Понтон, за британскиот Sun ги откри трите најлоши места каде луѓето често ги поставуваат своите рутери .НЕ ГО ПОСТАВУВАЈТЕ РУТЕРОТ ТУКА„Едно од најчестите места што предизвикува слаб Wi-Fi сигнал е криењето на рутерот зад телевизорот“, рече тој.Друга честа грешка што ја забележавме е тоа што луѓето го ставаат својот рутер на полици со многу книги, што го отежнува ширењето на сигналот.Трета проблематична област е поставувањето на рутерот на далечниот крај на куќата, како што е помошна просторија што никој всушност не ја користи.Тоа не го спречува да работи, очигледно дека ќе работи, но за да му дадеме на рутерот најдобра можна шанса да започне да емитува сигнали за Wi-Fi , треба да му дадеме малку „простор за дишење“.Подигнете го од земја и ставете го на полица, само за да биде блиску до луѓето кои ќе го користат. Дајте му најдобри можни услови за работа, објасни тој.РАБОТИ КОИ ВЛИЈААТ НА WI-FIПостојат голем број на предмети и материјали низ куќата кои исто така можат да влијаат на вашата Wi-Fi конекција.Сребрената изолација на ѕидовите е една од нив, па затоа треба да избегнувате да го ставате вашиот рутер во близина на овие ѕидови.Слично на тоа, металните греди во кујнските екстензии можат да имаат негативно влијание, додека кујнските апарати и големите метални површини можат да го апсорбираат и да го попречат сигналот .Ако ова е случај во вашиот дом, можеби е најдобро да се обидете да го преместите вашиот рутер на друго место.

Пронајдете не на следниве мрежи: