„Никогаш повеќе нема да ги видам“ – маж ја дознал веста за авионската несреќа додека ја чекал сопругата и 3-те деца на аеродромот

ОЧИТЕ ЌЕ ВИ СЕ НАСОЛЗАТ: „Никогаш повеќе нема да ги видам“ – маж ја дознал веста за авионската несреќа додека ја чекал сопругата и 3-те деца на аеродромот
Некои од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ набрзо по полетувањето се урна во морето, веста за страшната несреќа ги затекнала во Понтијанак, каде авионот требало да слета.
Јаман Заи, татко на 3 деца кои биле во авионот со нивната мајка, изјавил за агенцијата „Ројтерс“ дека ги чекал на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата.
„Никогаш повеќе нема да ги видам“, рекол тој, покажувајќи фотографија од неговата најстара ќерка.
Се очекува дека индонезиската агенција за безбедност „KNKT“ ќе покрене истрага за оваа несреќа, а Американската управа за безбедност во сообраќајот (NHTSA) автоматски ќе биде дел од истата, бидејќи авионот е проектиран и изработен во САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.