Никола Груевски ќе се обрати денес во 14.30 часот

Екс премиерот и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за 14.30 часот најави прес конференција во Собранието.Прес конференцијата како што е речено ќе се одржи по завршувањето на денешното рочиште за „Траекторија“.За утре е закажано продолжение на јавната расправа во Апелација за жалбата на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот.Првата расправа за оваа жалба се одржа во петокот, на која најголем дел се одлучуваше по бројните барања за изземање, прво на судечкиот совет, а потоа и на судиите.Откако не помина барањето да се одложи седницата со образложение дека адвокатите се на друго судење, адвокатот на Ѓоко Поповски ги поднесуваше барањата за изземање.Судечкиот совет во Апелација образложи зошто седницата не може да биде одложена и одлучи расправата да ја продолжи и без присуство на адвокатите на Груевски.Груевски и поранешниот заменик министер за јавни набавки во МВР добија затворски казни од 2 и шестипол години за набавката на луксузниот мерцедес.Од одлуката на Апелација зависи дали тие ќе станат правосилни.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.