Никола Попоски на својот фејсбук профил денеска објави колумна, која првично е објавена на порталот МКД.МК. Повеќе медиуми ја пренесоа интегрално:
Никола Попоски: Не умирај магаре до зелена трева, на рати
Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нѐ критикуваат дека слабо учиме од искуства. Почнаа да нѐ прашуваат дали воопшто сакаме да победуваме. Особено со оглед на бројните констатирани слабости кај противниците. Конечно, сите не прашуваат дали имаме стратегија. Накратко, ова би бил еден мал придонес.
За изборите:
- Анкетите прецизно ги предвидоа резултатите (особено оние спроведени повеќе месеци претходно).
- ДИК и МВР (предводени од ВМРО) завршија горе-долу коректна работа за нивно спроведување, што во наши услови не е лесно.
- Обвинување кон гласачите за исходот е несоодветно и може само да ги влоши резултатите во следни циклуси.
- Толкување дека доколку не се брои една категорија гласачи, имаме подобар резултат, не е само во судир со унитарниот карактер на државата, туку и го руши идеалот на Илинденците, да не говориме за имиџот кој го создава за нас во очи на исклучените, но и кон странците.
Сега:
- Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање Влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно.
Следно:
- Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде.
- Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив.
Наравоучение:
- Не умирај магаре до зелена трева, на рати – не е идеална стратегија.
- Тие што можат да земат учество во одлуки (на ЦК, ИК, ОК, МК, КИМ) легитимно е да нѐ прашаат дали ние воопшто сакаме да се обидеме да победуваме? Што исто не е лесна работа.
Ако одговорот е – не, тогаш е сосем во ред да продолжиме да си тераме со заклучоците.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ
Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ
***
Мицковски пак вечерва во обид со промена на Статутот да се зацврсне на тронот во Белата Палата
Вечерва Рангелова побара оставка од Мицковски поради 3 последователни изборни порази:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.