Никола Тодоров за Дојче Веле: Падна владата… за малку!

Паметот е во главата

Жалам, но во основа морам да констатирам дека ја оставивме партијата „деца” да ја водат. Кога велам деца, не алудирам на нивните години, туку мислам  на нивното политичко неискуство, во контекст на една мисла што ја кажуваше еден мој искусен професор од универзитетските денови кој велеше: „паметот не е во годините туку во главата“. Затоа велам „деца“ без стручно и животно искуство, без идеологија, без харизма, без работна навика, неспособни да постават стратегија ниту пак стратешки да размислуваат или делуваат. Затоа и онаа констатација од неопределениот гласач: „менувајте го оној вашиот за да дојдете на власт“ е болната вистина и дефиниција за тоа што се случува во државата и во опозицијата.

Моите родители живеат во градски ѕид, веднаш спроти централниот штаб на ВМРО. Обично ги посетувам попладне или навечер, па кога и да погледнам кон зградата на партијата се нервирам. Секогаш е темница. Не свети, не се работи. Најпрво помислив да не е „оскудација”, па немаат ни за струја, ама ми текна дека се финансирани од буџет, па знам дека ова не е случај. А и обично свети еден прозорец, па не е можно да има струја само во една просторија. Ги бројам прозорците и бидејќи напамет и многу убаво ја знам целата зграда, сфаќам дека свети само во теретаната. Па да, сепак не е светло, од отсјајот е.

Со оваа работливост, рушењето на СДСМ на рати ќе биде како станбен кредит, на 240 рати. Досега плативме 8. Кај и да е, ќе биде. Ако не друго, одбројувањето барем започна! Исто како и песната која празнично ви ја препорачувам, a која има страшно добра гитара- The final countdown од групата Europe. Нека ечи!

Извор: ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.