Познатиот кошаркар Никола Јокиќ дојде на настапот на фолк пејачката Зорица Брунцлик во српската престолнина.Таа направи забава за паметење во кафеана, а Јокиќ не сакаше да ја пропушти оваа прилика, па цела вечер уживаше во нејзините хитови.Зорица беше одлично расположена, па пееше песни кои ја одбележаа нејзината повеќедецениска кариера, додека сопругот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш цело време ја придружуваше со хармоника.Снимките од местото на настанот, на кои го гледаме Никола Јокиќ, веднаш завршија на социјалните мрежи.
Пронајдете не на следниве мрежи: