Николиќ и Тачи се ракуваа во Ватикан

Претседателот на Србија Томислав Николиќ протоколарно се ракуваше со косовскиот премиер Хашим Тачи, при церемонијата за востоличување на папата во Ватикан, потврди кабинетот на српскиот претседател.Со протоколарната комуникација со Тачи, претседателот на Србија искажа поддршка за преговорите кои српскиот премиер Ивица Дачиќ ги води со претставникот на привремените институции од Приштина, се вели во соопштението на кабинетот на српскиот претседател, што во средата го пренесоа белградските медиуми.Притоа се наведува дека Хашим Тачи не била единствената личност со која премиерот на привремените институции се ракувал, туку тоа го сторил и со германската канцеларка Ангела Меркел, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателите на Чиле, Словачка, Романија, Бугарија, Македонија и со премиерот на Црна Гора.Николиќ во септември минатата година преку соопштение истакна дека нема да се ракува со Тачи на заседавањето на Генералното Собрание на Обединетите нации.
МакфаксПретседателот на Србија Томислав Николиќ протоколарно се ракуваше со косовскиот премиер Хашим Тачи, при церемони

Пронајдете не на следниве мрежи: