Николиќ: Приштина попушти, договор до крајот на март

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави доцна ноќта во понеделникот по разговорите со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, дека очекува договорот со Косово да биде потпишан до крајот на март, истакнувајќи дека Приштина попуштила во своите барања во врска со надлежностите на заедницата српски општини на северот во Косово.„Приштина, којашто претходно инсистираше на секое решение (за северот на Косово- з.р) мора да биде врамено во нејзините законски рамки, попушти во своите барања, Договорот ќе биде потпишан на 20-ти или 28-ми март“, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ по завршувањето на двои полчасовниот разговор со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.Претседателот Николиќ ја предводеше делегацијата на српскиот државен врв во која беше придружуван од премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и вицепремиерот и министер за одбрана Александар Вучиќ и којашто на иницијатива на Европската унија разговараше со високата претставничка Ештон во рамките на подготовките за следниот, седми круг од дијалогот меѓу Србија и нејзината поранешна покраина Косово и Метохија, која во 2008 година еднострано прогласи независност и Република Косово, која Белград не ја признава.Под покровителство на Кетрин Ештон досега се одржаа шест круга од преговорите меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот Хашим Тачи. Преговорите се закочија по прашањето на паралелните српски структурите во северно Косово кое е населено со мнозинско српско население. Прашањето на паралелните институции на северно Косово е најтешкото прашање коешто досега се појави во преговорите. Во досегашните разговори се утврди дека Белград и Приштина се согласуваат проблемот на паралелните институции да го решат со воспоставување на заедница на српските општини, но ставовите во целост се разликуваат кога станува збор за овластувањето на таа заедница на општините.Следниот круг преговори е закажан за 20-ти март.Високата претставничка Кетрин Ештон објави во соопштението издадено по состанокот во кое се наведува дека на своите соговорници им ја „истакнала важноста од постигнување на договор за отворените прашања меѓу двете страни што е можно порано“.Забележителната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е услов за напредокот на двете страни во европските интеграција, за Србија за добивање датум за почетокот на преговорите со Европската унија, а Косово за почетокот на преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација. Европската комисија кон средината на април ќе го објави извештајот за напредокот во дијалогот, како и за другите реформи кои се поврзани за приближување на Европската унија.По состанокот со српскиот државен врв во Брисел, Кетрин Ештон ќе отпатува во среда во еднодневна посета на Приштина каде ќе разговара со косовското раководство.
МакфаксСрпскиот претседател Томислав Николиќ изјави доцна ноќта во понеделникот по разговорите со високата претставничк

Пронајдете не на следниве мрежи: