Николовски во Топ Тема: Со новата визна стратегија се разгледуваат три опции за решавање на проблемот на превозниците

Секоја земја членка на ЕУ да издава посебни визи, целосно изземање како што е за пилотите и за машиновозачите и третата опција е некој хибрид меѓу првата и втората, вели министерот за транспорт и врски Александар Николовски во разговор за Топ Тема за опциите кои се разгледуваат  за решение на проблемот на превозниците. Нов состанок на експертско ниво ќе се одржи в понеделник, рече тој.
Почнавме дијалог со ЕК каде што во рамки на новата визна стратегија што ја претстави претседателката на ЕК треба да се изнајде решението, тоа е дека со новата визна стратегија превозниците се признати како професионалци тоа не беше така до сега, па сега има неколку опции што се разгледуваат. Едната опција е секоја земја членка на ЕУ да издава посебни визи и на тој начин да се бројат деновите само во таа земја, што во суштина го решава проблемот, во овој момент само Швајцарија го прави тоа. Втората опција е да има целосно изземање како што е за пилотите и за машиновозачите и третата опција е некој хибрид меѓу првата и втората, а тоа да се сметаат како прекугранични работници, односно дека често мора да ја минуваат границата. Меѓу овие три модалитети сега се изнаоѓаат решенија. Досега имаше три состаноци еден беше на политичко ниво два беа на техничко ниво. На 23.02.2026 (понеделник) има повторно состанок на техничко, односно на експертско ниво и очекувам дека ќе се најде решението, а она што е знак на добра волја во однос на Македонија е дека примената на EES системот ќе се одложи до крајот на септември.
повеќе тука

Пронајдете не на следниве мрежи: