Николовски непријатно изненаден што Вице Заев повторно не се појави на рочиште

По денешното рочиште на судењето во Основниот суд Скопје 2, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексанар Николовски изјави дека е непријатно изненаден што братот на премиерот Зоран Заев, Вице, повторно не се појави на рочиште, особено ако се земе предвид дека тој ја иницирал тужбата за клевета. Николовски нагласи дека Заев бегал и дека во Судот се појавил само еднаш кога морало.
– Сакам да се повикам на изјавата на Зоран Заев кој рече дека доколку тој се прашувал тужбата требало да биде повлечена, па имам дилема дали браќава не комуницираат, што мислам дека е надвор од умот, или повторно се дволични како и досега, изјави Николовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.