Николовски: Очекуваме сигурна победа на СДСМ
Во првата прес конференција по затворањето на кутиите Љупчо Николовски од СДСМ им честита на државните институции за демократскиот изборен ден, посочувајќи дека државата може да се справи со предизвици од различен карактер.
Тој посебно им се заблагодари и на припадниците на полицијата и здравствените работници.
„Очекуваме потврда на резултатите од анкетите и сигурна победа на СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“, рече Николовски.