Николовски чека оставка од Димова: Ако не, ќе бара разрешување

Или да поднесе оставка самата или вицепремиерот Љупчо Николовски ќе бара да биде разрешена Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Димова може да биде разрешена од Управниот одбор, а ваков исход може да биде извесен откако во јавноста се фрлија сомнежи за тоа како се делеле пари за образовни проекти преку агенцијата. Додека Димова тврдеше дека нема вина, Николовски вели дека е обратно.
„Имам различно мислење од Димова која е на став дека не треба да се повлече. Но, согласно ќе побараме таа да понесе политичка одговорност и да замине од функцијата. Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме, рече Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.